„Железници“ чекаат кредит од ЕБОР за нови возови

Bez autora
Jun 10 2012

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) планира да и' додели кредит во износ до 50 милиони евра на „Македонски железници - Транспорт“, за набавка на нови возови, патнички и товарни вагони и обнова на локомотиви. Одлуката за одобрувањето на кредитот, за кој гаранции ќе даде државата, треба да се донесе на 4 септември. Во Железници очекуваат дека ќе ги добијат парите и дека со нив наскоро ќе почнат модернизација на превозните средства кои имаат просечна старост од над три децении. Bо првите брзи и модерни возови ќе се возиме уште во 2014 година. Владата преку Министерството за финансии преговара за условите на кредитот и верувам дека штом банката веќе објавува информации за тоа, кредитот ќе биде одобрен. Сумата од 50 милиони евра ќе ни биде доволна за да ги реализираме планираните проекти, кои првенствено се однесуваат на модернизирање на патничкиот сообраќај, каде што имаме најголеми загуби поради незадоволството на патниците од условите во возовите.

„Железници“ чекаат кредит од ЕБОР за нови возовиЕвропската банка за обнова и развој (ЕБОР) планира да и' додели кредит во износ до 50 милиони евра на „Македонски железници - Транспорт“, за набавка на нови возови, патнички и товарни вагони и обнова на локомотиви.

Одлуката за одобрувањето на кредитот, за кој гаранции ќе даде државата, треба да се донесе на 4 септември. Во Железници очекуваат дека ќе ги добијат парите и дека со нив наскоро ќе почнат модернизација на превозните средства кои имаат просечна старост од над три децении. Според директорот Оливер Деркоски, ако се' тече според планот, во првите брзи и модерни возови ќе се возиме уште во 2014 година.

„Владата преку Министерството за финансии преговара за условите на кредитот и верувам дека штом банката веќе објавува информации за тоа, кредитот ќе биде одобрен. Сумата од 50 милиони евра ќе ни биде доволна за да ги реализираме планираните проекти, кои првенствено се однесуваат на модернизирање на патничкиот сообраќај, каде што имаме најголеми загуби поради незадоволството на патниците од условите во возовите“, вели Деркоски.

Со кредитот од ЕБОР би се набавиле 6 нови гарнитури возови, од кои 4 се со дизел, а 2 со електромоторни локомотиви. Гарнитурите имаат по три вагони. Нивната цена достигнува меѓу 4 и 5 милиони евра. Ќе се набавуваат и 150 товарни вагони, кои според Деркоски, веројатно е дека на нашите пруги би стасале веќе следната година. Со препорака на експертите и консултантите на Банката за обнова и развој, „Железници - Транспорт“ ќе се откаже од планираното купување на пет нови локомотиви од кои секоја чини меѓу 4 и 5 милиони евра. Наместо тоа, информира Деркоски, целосно ќе бидат реконструирани 5 стари електромоторни локомотиви. Во меѓувреме, „Железници - Транспорт“ ќе продолжи и со реконструкцијата на старите патнички вагони.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik